Дома Трансфер зона Тотенхем го краде Хрватот пред носот на Италијанците!

Тотенхем го краде Хрватот пред носот на Италијанците!

Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ добива се помала минутажа кај Зинедин Зидан, па се погласни се шпекулациите дека ќе ја промени средината на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ковачиќ не е задоволен од својот статус во Мадрид, сака да игра повеќе, па е спремен да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ во потрага по поголема минутажа.

Рома, Милан и Јувентус добро ги познаваат неговите квалитети и сакаат да го доведат Хрватот во своите редови, но најсилен интерес покажува Тотенхем.

Маурисио Покетино е голем симпатизер на играта на Ковачиќ и побарал од раководството да му биде доведен за следната сезона, како замена за Сисоко кој не се снајде баш најдобро.

Англиските медиуми тврдат дека „спарси“ се одлучи во намерата да го донесат Хрватот и веќе спремиле понуда од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…