Арсенал и официјално денес го комплетираше трансферот на играчот за врска на Барселона, Денис Суарез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот плејмејкер пристигна на „Емирати“ на позајмица до крајот на сезоната, а „топџиите“ ќе имаат опција да го откупат неговиот договор на лето.
Пред договорот да биде финализиран, Суарез го продолжи договорот со Барселона за 12 месеци, до 30 јуни 2021 година, а Арсенал доколку сака да го задржи играчот ќе треба да плати 20 милиони фунти.
Интересно, доколку трансферот стане перманентен 4 милиони фунти ќе завршат во касата на Манчестер Сити. Причината за ова е клаузула во договорот помеѓу Сити и Барселона во 2013 година. Според неа „граѓаните“ треба да добијат 20% од износот при меѓународен трансфер на Суарез.