Синоќешниот натпревар помеѓу Валенсија и Гетафе нема да остане запаметен само по драматичниот финиш и двата гола на домаќините во судиското продолжение.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После последниот судиски свиреж се случи масовна тепачка на теренот, па гледачите можеа да видат грозни сцени. Од таборот на Валенсија тврдат дека конфликтот започнал уште пред крајот на мечот кога при запрена игра Бруно Гонзалез ја шутнал топката во клупата на домаќините.
По завршување на мечот дефанзивецот на Валенсија Диакаби ги загуби нервите и се стрча кон противничката клупа, па настана општа тепачка.
