Ливерпул чекори кон титулата и ќе биде уште поблиску ако вечерва го совлада Лестер.
Вечерва на „Енфилд“ гостува Лестер и има императив од победа за да стигне до голема предност во однос на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако вечерва Ливерпул слави против Лестер ќе направи предност на табелата од седум бодови.
Досега само еднаш во историјата се случило екипата која имала седум или повеќе бодови предност во овој дел од натпреварувањето на крајот да остане без титулата. Тоа се случило во 1996 година кога Њукасл имаше предност од дури девет бодови во однос на Манчестер Јунајтед, предводен од Сер Алекс Фергусон.
Распоредот на Ливерпул до крајот е следниот:
Лестер (Д), Вест Хем (Г), Бурнемоут (Д), Манчестер Јунајтед (Г), Вотфорд (Д), Евертон (Г), Барнли (Д), Фулам (Г), Тотенхем (Д), Саутемптон (Г), Челзи (Д), Кардиф (Г), Хадерсфилд (Д), Њукасл (Г), Вулверхемптон (Д).