Дома Трансфер зона Ова ќе биде премногу: Јувентус повторно ја купува ѕвездата на Наполи!

Ова ќе биде премногу: Јувентус повторно ја купува ѕвездата на Наполи!

Лоренцо Инсиње е еден од најдобрите играчи на Наполи и „дете“ на овој клуб, но на лето би можел да ја промени средината, пренесуваат италијанските медиуми.

Инсиње веќе подолго време преговара со раководството за нов договор, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик, па неколку клубови се ободуваат да ја искористат таквата ситуација.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус веќе испратил понуда до неговиот агент и се чека одговор на играчот.

Наполи и оваа сезона најверојатно ќе остане без титула, која ја чекаат уште од 1990 година, па тоа може да биде една од причините поради која Инсиње ќе се одлучи да ја промени средината.

Покрај Јувентус, инетрес за крилниот напаѓач покажуваат уште Милан, Рома и Ателтико Мадрид, кои се спремни да му понудат 3,5 милиони евра по сезона, сума која Наполи не сака да му ја даде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…