Во вечерашните натпревари од Премиер лигата видовме две изненадувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед кој беше пред пораз против Барнли се „извади“ во последните минути со два постигнати погодоци.
Во првото полувреме не видовме погодоци.
Потоа следуваше студен туш за домашните навивачи. Барнес во 51-та минута постигнува погодок за водство 0:1. Ситуација за фаворитот се влоши на десетина минути пред крајот кога Вуд постигнува погодок за 0:2.
Се изгледаше дека Барнли ќе однесе полн плен, но тоа не се случи.
Погба прво од пенал изедначи во 87-та минута, за потоа Линделоф во судиското продолжение да постигне погодок за бод на Јунајтед.
Дефинитивно овој Јунајтед на Солскјер и со ова враќање вечерва се повеќе потсетува на оној на Сер Алекс Фергусон.