Дома Фудбал Англија Лестер реши да му помогне на Кардиф после исчезнувањето на Сала!

Лестер реши да му помогне на Кардиф после исчезнувањето на Сала!

Премиерлигашот Лестер се одлучи за несекојдневен потег и реши да му помогне на Кардиф после несреќата која му се случи на клубот.

Кардиф плати 17 милиони евра за трансферот на Емилијано Сала, но фудбалерот доживеа авионска несреќа и се уште се води за исчезнат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубот до Велс според договорот мора да му исплати 17 милиони евра на Нант за трансферот, а потоа ќе чека осигурителната компанија да му ги компензира парите.

Меѓутоа, клубот нема повеќе финансии да купува нов фудбалер во јануари, па Лестер се одлучи за несекојдневен порег и реши да му помогне на Кардиф.

Имено, „лисиците“ се понудија да му го понудат алжирскиот репрезентативец Ислам Слимани, кој моментално игра на позајмица во Фенербахче.

Лестер планира да го врати назад и потоа да му го отстапи на Кардиф до крафот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…