Дома Фудбал На потег се службите: 40.000 фанови потпишаа петиција да продолжи потрагата по Сала

На потег се службите: 40.000 фанови потпишаа петиција да продолжи потрагата по Сала

Навивачите на Нант не ја губат надежта и веруваат дека нивниот миленик кој направи трансфер во Кардиф, Емилијано Сала е се уште жив.

Вчера полицијата објави дека поради минималните шанси за преживување во екстремните услови ја прекинува потрагата по Сала кој се бараше три дена.

Но, во спортскиот свет и понатаму преовладува надежта дека Сала и пилотот можеби се живи.

За неполни 24 часа повеќе од 40.000 фанови ја потпишале петицијата за потрагата по Сала да продолжи.

Претходно и неговата сестра во потресна исповед молеше потрагата да продолжи.

Ќе потсетиме авионот со кој леташе Сала исчезна во понеделникот околу 20:00 часот над водите на Ламанш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…