Дома Трансфер зона Готово: ПСЖ го купи Паредес за 47 милиони!

Готово: ПСЖ го купи Паредес за 47 милиони!

Пари Сент Жермен постигна договор со Зенит за трансфер на аргентинскиот репрезентативец, Леандро Паредес, пренесува угледниот „Екип“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба подолго време беа во преговори, а „Екип“ пренесе дека е постигнат договор, па Паредес ќе биде првото зимско засилување за ПСЖ.

„Светците“ за потписот на аргентинскиот репрезентативец ќе искешираат 47 милиони евра, а играчот ќе потпише 4 и пол годишен договор.

Тухел беше во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе биде замена за Рабио, а Паредес беше прв на листата желби.

Аргентинецот во 2017 година од Рома се пресели во Зенит за 23 милиони евра, а неодамна и самиот потврди дека сака да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…