Дома Фудбал Трет ден потрага по авионот со кој исчезна најскапото засилување на Кардиф

Трет ден потрага по авионот со кој исчезна најскапото засилување на Кардиф

Утринава полицијата објави дека потрагата по авионот со кој леташе Емилијано Сала продолжува.

Спасувачките служби веќе трет ден ќе трагаа по авионот кој исчезна од радарот во понеделникот во 20:00 часот. Претпоставките се дека авионот се урнал во водите на Ла Манш.

Како што објавија од полицијата денес фокусот на потрагата ќе биде ставен на крајбрежните делови на Британија, но и во Франција и малите острови по англискиот канал.

Шансите за чудо и преживување во вакви услови се скоро еднакви на нула. Сите експерти кои досега се огласија сметаат дека дури и физички најспремната личност во вакви услови и екстремно ладни температури на водата не би издржала подолго од неколку часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…