Дома Останати Кошарка НБА ОВА Е ПРЕМНОГУ И ЗА НЕГО: Харден постигна 61 поен! (ВИДЕО)

ОВА Е ПРЕМНОГУ И ЗА НЕГО: Харден постигна 61 поен! (ВИДЕО)

Веќе од поодамна не е вест кога Џејмс Харден е најдобар стрелец во НБА лигата, постигнува повеќе од 30. Но, затоа е вест дека во победата на Хјустон против Никси 114:110 постави личен кошгетерски рекорд.

Харден постигна 61 поен! Ова е негов рекорд. Секако, го одлучи и победникот со поентирање на 3.8 секунди пред крајот. За Харден ова е веќе петти натпревар со 50+ поени. Воедно 21 натпревар во низа со 30+ поени.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Харден за овој подвиг „потроши“ повеќе топки. Од игра шутираше 17/38, а за три 5/20. Од друга страна беше одличен од линијата за слободни фрлања 22/25 и имаше 15 скокови.

Со овој чудесен кошгетерски учинок Харден оствари низа постигнувања за паметење. Едно од нив е најмногу поени на еден натпревар во историјата на Хјустон.

Стана првиот играч после Шекил О’Нил во 2000 година кој на еде ннатпревар имал најмалку 60 поени и 15 скокови.

Сепак, рекордот во „Медисон Сквер Гарден“ го држи Кармело Ентони со 62 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…