Дома Фудбал Англија Заврши и денешната потрага по авионот на Сала – потврдено е името на пилотот!

Заврши и денешната потрага по авионот на Сала – потврдено е името на пилотот!

Авионот на Емилијано Сала не е пронајден ниту денес.

Полицијата за денес се огласи со своето последно соопштение и потврди дека потрагата по авионот е завршена и истата повторно ќе продолжи утре.

Единствен успех во денешната потрага на полицијата беше тоа што и официјално го потврдија името на пилотот.

Најскапото засилување во историјата на Кардиф патувал со пилтот со име, Дејв Иботстон.

Меѓутоа тоа што истрагата е преименувана од „спасувачка акција“ во „потрага“, дава јасен знак дека службите немаат надеж за позитивни вести.

Ќе потсетиме, последниот контакт на авионот со контролната кула е изгубен во понеделникот во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…