Ливерпул и Баерн Минхен нема да бидат ривали само во Лигата на шампиони, туку и за потписите на двајца фудбалери, пренесуваат германските и англиските медиуми.
Двата клуба се во трка за потписите на напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер, кој на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ исто така откри дека Ливерпул ќе му биде конкурент на Баерн и за потписот на талентот од Челзи, Калим Ходсон Одој, кој уште еднаш одби да го продолжи договорот со „сините“.
Баерн веќе подолго време се инетерсира за Одој и испрати понуда од 35 милиони фунти, но сега и Ливерпул се вклучи во трката за неговиот потпис. „Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот брат и менаџер.
#LFC tipped to rival Bayern Munich for Timo Werner and Callum Hudson-Odoi in double transfer battlehttps://t.co/KNVgyhzuzj pic.twitter.com/B9Dduahydd
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) January 23, 2019