Во вчерашниот ден се случи едно големо изненадување – Кевин Принс Боатенг потпиша за Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот од Гана премина во каталонскиот гигант и така доби шанса да игра за еден од најголемите клубови во светот во финишот од својата кариера.
Боатенг има намера максимално да ја искористи дадената шанса.
„Среќен сум што ќе играм за овој клуб и за мене претставува голема чест што ќе играм за гигант каков што е Барселона. Секое дете сонува да игра во ваков клуб, па и за мене ова остварување на сонот. Ќе дадам се од себе за да помогнам на клубот“, изјави Боатенг на претставувањето.
Боатенг во Барселона ќе го носи дресот со број „19“.