Дома Останати Ракомет Ова би било тежок удар за Червар: Хрватска против Германија без еден од најважните играчи?

Ова би било тежок удар за Червар: Хрватска против Германија без еден од најважните играчи?

cervar

Вчера хрватската репрезентација доживеа шокантен пораз од Бразил, но тоа не е единствениот проблем за селекторот Лино Червар.

Со сигурност ова е болен пораз за „коцкестите“, доволно е да се каже дека ова е најголемата ракометна победа во историјата на Бразил и најголемо изненадување на СП до овој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразил ја победи Хрватска со три гола разлика 29:26 во натпревар во кој цело време имаа предност.

Денес Хрватите ги очекува натпревар против домаќинот Германија и ова е одлучувачки натпревар за Хрватите за пласманот во полуфиналето.

Она што на Червар му создава дополнителни проблеми е повредата на еден од најдобрите хрватски ракометари, Лука Циндриќ.,

Циндриќ се повреди против Бразил и натпреварот го напушти со болна гримаса на лицето, а изјавата на Червар после натпреварот не е премногу оптимистична.

„Повредата на Циндриќ кој играта ја напушти на полувремето е хендикеш за нас. Ќе разговараме со докторите за неговата ситуација“, изјави Червар.

Хрватска и Германија натпреварот го играат денес во терминот од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…