Дома Фудбал Срамно симулирање на Суарез во натпреварот против Леганес (ВИДЕО)

Срамно симулирање на Суарез во натпреварот против Леганес (ВИДЕО)

Барселна вчера пред своите навивачи во интересен натпревар од 20-тото коло во Ла Лига го совлада Леганес со 3:1.

Каталонците стигнаа до водство со погодокот на Дембеле кој ја продолжи својата фантастична форма. Браитвајт во 57-та минута ги врати гостите во живот, но Луис Суарез во 71-та одново ја доведе Барса во водство, додека во последните моменти триумфот го потврди Лионел Меси.

Уругваецот сепак во овој натпревар се истакна и со едно симулирање со што покажа зошто е еден од најомразените играчи кај судиите во првенството.

Суарез падна пред голманот Куељар кого се обиде да го заобиколи, но кога забележа дека нема да има можност за такво нешто се одлучи на очаен потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…