Дома Топ вести Реал понуди богатство за Донарума, Милан кажа НЕ!

Реал понуди богатство за Донарума, Милан кажа НЕ!

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Реал Мадрид испратил богата понуда за талентираниот голман, Џанлуиџи Донарума, но Милан експресно ја одбил истата.

„Кралевите“ се во потрага по квалитетен голман и сметаат дека Донарума ќе биде долгорочно решени со оглед на фактот дека станува збор за најталентираниот голман на светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Весникот не ја открива сумата која ја понудиле „кралевите“, но тврди дека Милан експресно ја одбил понудата бидејќи сака да го задржи голманот во своите редови.

Донарума има договор до јуни 2018 година со Милан, а раководството на „росонерите“ веќе работи на продолжување на истиот бидејќи и самиот Донарума изрази желба да остане на „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми тврдат дека најпрво се чека да биде комплетирана продажбата на клубот, а потоа младиот голман ќе потпише договор според кој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…