Македонија вчера доживеа пораз од Исланд и така не успеавме да обезбедиме место во главната фаза на Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нашиот селектор Раул Гонзалез во последните 15 минути се обиде да ја промени тактиката, сепак ниту тоа не ни донесе позитивен резултат.
Во првиот дел одигравме одлично и имавме и предност, но сепак во вториот дел Исланд ја зацврсти одбраната и имавме период од девет минути без постигнат погодок.
Свој коментар за натпреварот даде и тренерот Раул.
„Навистина не би можел да кажам каде го изгубивме овој натпревар. Тешко беше од самиот почеток и се залагавме 100%. Во првото полувреме Борко беше одличен се функционираше, но потоа во вторите 30 минути изгледавме изморено. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тие беа подобри. Игравме „7 на 6“, потоа сменивме и во „6 на 6“ се надигрувавме до самиот крај, сепак не успеавме“, изјави Раул после натпреварот.
Македонија после овој пораз ќе разигрува од 13-та до 16-та позиција.