Дома Останати Кошарка НБА Oва е веќе лудо: Харден постигна 58 поени – Хјустон изгуби! (ВИДЕО)

Oва е веќе лудо: Харден постигна 58 поени – Хјустон изгуби! (ВИДЕО)

Хјустон во еден луд натпревар изминатата ноќ оваа сезона запиша пораз од Бруклин во својата арена со резултат 142:145, после продолженија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Она што го обележа овој натпревар по кој знае кој пат е фантастичниот настап на Џејмс Харден.

Харден ја продолжи својата чудесна низа и откако го разби Мемфис со 57 поени, изминатата ноќ отиде чекор подалеку и постигна 58 поени, додаде уште 10 скокови и шест асистенции. Од игра шутираше 16/34, а од линијата за слободни фрлања 21/23.

Хјустон и во овој натпревар не можеше да смета на помошта на Крис Пол и Клинт Капел, па Харден одново одлучи да ги превземе работите во свои раце. Имаше шанси Хјустон да стигне до победата стигнаа и до предност од 142:135, тогаш кога се мислеше дека ја имаат победата Нетси со фуриозна завршница направија пресврт.

Најдобар кај Бруклин беше Сенсер Динвиди со 33 поени, Керол додаде 22, Гранхам 21, а Ален 20.

https://www.youtube.com/watch?v=5B3gGoNQdT8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…