Играчот за врска и египетски репрезентативец, Мохамед Елнени не е во прв план кај тренерот Емери оваа сезона, па се повеќе се шпекулира дека би можел да го напушти клубот.
Италијанските медиуми пренесува дека Рома е силно заинтересирана за неговиот потпис. „Волчицата“ ќе се обиде да го донесе Елнени на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Рома има проблем во средниот ред после повредите на Де Роси и Нзонзи и сака да донесе квалитетен играч за врска во зимскиот преоден рок.
Инаку, Елнени во Арсенал пристигна во јануари 2016 година од Базел за 12.5 милиони евра, а оваа сезона вкупно има одиграно само осум натпревари.