Жозе Мурињо ќе работи како коментатор за „Беин Спорт“, но ќе мора да внимавма што зборува бидејќи будно ќе го следат адвокати на Манчестер Јунајтед.
Мурињо доби отказ во Манчестер Јунајтед и тоа добро го наплати, а сега додека не пронајде нова тренерска работа ќе биде ангажиран како стручен коментатор во „Беин Спорт“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот за оваа работа ќе добива 65.000 евра по натпревар!
Меѓутоа ќе мора да внимава што зборува бидејќи како што пишува „Тајмс“, Мурињо во договорот со Јунајтед има клазула според која не смее да зборува многу за тоа што се случувало во клубот и по кои услови си заминал. Адвокатите на Јунајтед сигурно ќе го следат секој негов натпревар и ќе внимаваат што зборува.
Првите натпревари кои ќе ги работи Мурињо се натпреварот од Азискиот Куп помеѓу Саудиска Арабија и Катар и дербито во Премиер лигата помеѓу Арсенал и Челзи.