Дома Фудбал Англија Клоп и Ван Дајк најдобри во Премиер лигата во декември

Клоп и Ван Дајк најдобри во Премиер лигата во декември

Јирген Клоп и Вирџил ван Дајк ја добија наградата за најдобар менаџер и фудбалер во Премиер лигата за месец декември.

„Црвените“ имаа исклучителен крај на календарската година и запишаа седум победи на седум меча во декември, па благодарение на таа серија се искачија на врвот на Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул победи против Евертон, Барнли, Борнмут, Манчестер Јунајтед, Вулверхемптон, Њукасл и Арсенал, при што постигнаа 22 гола, а примија само три.

Токму добрата игра во одбраната му овозможно на Ван Дајк да биде избран за најдобар фудбалер за декември пред Мо Салах и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома сонува да го врати Салах

Рома планира да го искористи јануарскиот трансферен прозорец на начин кој ќе ги зголеми се…