Тренерот на Арсенал, Унаи Емери призна дека неговиот клуб не може да си дозволни да носи нови засилувања во зимскиот преоден рок, бидејќи поторија повеќе од 70 милиони фунти ова лето.
„Топџиите“ се во потрага по засилување во одбраната и средниот ред, но решение мора да бараат само со позајмици.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можеме да купуваме играчи, лимитирани сме само на позајмици. Можам да кажам дека во клубот работат, разгивараме за различни ситуации. Овој пат немам вести кога се засилувањата во прашање“, изјави Емери.
Арсенал во претходните денови покажа интерес за Денис Саурез од Барселона и Јаник Караско од Далијан Јифанг.
„Не знам каква е ситуацијата. Играчи со перманентен договор ќе можеме да купуваме дури на лето. Знам дека во клубот работат на можностите кои ги нуди пазарот“, додаде Емери.