Дома Трансфер зона Тиери Анри доби ново засилување

Тиери Анри доби ново засилување

После лошиот старт на сезоната Леонардо Јардим го напушти Монако, а на негово место дојде Тиери Анри.

Ништо посебно не се смени и по доаѓањето на легендарниот Французин, но сите во Монако се надеваат дека вториот дел од сезоната ќе донесе многу подобра игра и подобри резултати.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Евидентно е дека на Анри и Монако му се потребни засилувања, а сега Монако го ангажираше третото оваа зима.

После искусниот дефанзивец Налдо и поранешниот играч на Рома, Вилијам Вајнкуер, во Монако сега пристигна и Фоде Бало-Туре.

Се работи за 22-годишен лев бек кој пристигна од Лил за 9.9 милиони евра и кој во Монако би требало да остане до 2023. година.

Бало-Туре оваа сезона одигра 18 натпревари во Лига 1 за Лил и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Истанбул ќе почека: Влаховиќ може да заврши во Мадри или Милано!

Душан Влаховиќ засега успешно одбива понуди од Истанбул, затоа што очекува расплет на голе…