Фудбалерот на Баерн Минхен, Рафиња на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, што значи дека веќе му е дозволено да преговара со другите клубови.
Во изјава за германските медиуми, Рафиња призна дека нема да го продолжи договорото со Баерн и дека донел одлука да се врати во Бразил, во Фламенго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Видов какви се плановите на Фламенго и ми се допаѓаат. Сакам и понатаму да освојувам титули и за такво нешто ќе имам прилика во Фламенго. Заеднички интерес постои и блиску сме до постигнување на договор“, порача 33 годишниот Бразилец.
Рафиња во Баерн одигра 255 натпревари, а оваа година нема премногу минутажа бидејќи предност има Џошуа Кимих.