Дома Трансфер зона Интер до крајот на овој месец доведува Аргентинец од 30 милиони евра?

Интер до крајот на овој месец доведува Аргентинец од 30 милиони евра?

„Нероаѕурите“ се сериозно заинтересирани да ја завршат работата до крајот на месецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиум, Родриго Де Паул е голема желба на интер.

Поранешниот фудбалер на Валенсија, експлодираше во дресот на „Зебрите“ оваа сезона, екипата од Удине се мачи, но Де Паул игра одлично и го сврте вниманието на европските клубови.

Интер е најсериозен во намерата да го ангажира и сакаат работата да ја завршат до крајот зимскиот преоден рок.

Удинезе сепак не сака да го пушти, но дискутабилно е дали ќе можат да одолеат на понудата на Интер кој покрај парите спремен е да понуди и еден млад играч од своите редови.

Вредност на 24 годишниот Аргентинец на трансфер пазарот изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…