Дома Фудбал Италија Флоренци: Ако Скудетото е невозможна мисија, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Флоренци: Ако Скудетото е невозможна мисија, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

За Италијанецот од редовите на „волчицата“ оваа сезона цел е освојување на Лигата на шампионите.

Рома не се наоѓа во добра позиција. Иако се спласираа во нокаут фазата од Лигата на шампионите каде што ги чека Порто, во Серија А не им оди баш најдобро.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Волчицата“ дури во последно време ја поправи формата и стигна до шестата позиција, а тимот од италијанската престолнина ќе се бори за обезбедување на место во Лигата на шампионите.

Фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци смета дека дека Скудетото во овој момент е недостижна цел и дека тимот треба да се фокусира да стигне до самиот крај во Лигата на шампионите.

„Потребен ни е континуитет на добри резултати, знаеме дека можеме подобро. Дури и ако знаеме дека Серија А е невозможна мисија, имаме нова цел, тоа е Лигата на шампионите. Не сакаме да го повториме минатогодишниот резултат, туку да стигнеме до самиот крај“.

„Купот на Италија исто така ни е важен, сакаме да освојуваме трофеи во било кое натпреварување“, изјави Флоренци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов скандал во македонскиот фудбал (видео)

Свежи се сеќавањата на дуелот помеѓу Башкими и Кожуф со кој кумановскиот состав избори бар…