Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Севиља, Винсент Ибора од следната сезона би можел да се пресели во Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, „Калчомеркато“ тврди дека спортскиот директор на Севиља Мончи од следната сезона ќе работи во Рома, а со себе ќе го доведе и 29 годишниот фудбалер.
Ибора минатото лето имаше понуди од Премиер лигата, но Севиља одлучи да го задржи, а после тоа и му го продолжи договорот до 2020 година.
Медиумите тврдат дека клубот од Андалузија овој пат нема да му стои на патот и ќе го пушти Ибора во Рома за отштета од 12 милиони евра.
Ибора пристигна во Севиља во 2013 година од Леванте и од тогаш е незаменлив дел од тимот.