Дома Фудбал Англија Пеп за „кражбата“ на Реал: На секој кој сака да замине вратата му е отворена

Пеп за „кражбата“ на Реал: На секој кој сака да замине вратата му е отворена

guardiola

Брахим Диаз пред два дена стана нов играч на Реал Мадрид откако клубот од Мадрид за него плати 17.3 милиони евра на Манчестер Сити.

Диаз ја помина фудбалската школа на англискиот гигант, но се одлучи да замине поради преголемата конкуренција во сениорскиот тим на Реал Мадрид. Фудбалерот кој иам 19 години така се одлучи да потпише договор на шест години со Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После овој трансфер во јавноста се огласи и стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

„Не сакам играчи кои не сакаат да останат тука. На таквите фудбалери вратата секогаш им е отворена. Не сум разочаран што Брахим замина, му посакувам се најдобро. За него го направивме истото што и за Фил Фоден и Џандон Санчо. Тие беа важни играчи, но само еден од нив одлучи да остане“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…