Дома Фудбал Останато Шпански новинар: Мурињо би се вратил во Реал, но Перез мора да му исполни два услови

Шпански новинар: Мурињо би се вратил во Реал, но Перез мора да му исполни два услови

Португалскиот стратег Жозе Мурињо откако доби отказ во Манчестер Јунајтед се поврузва со превземање на неколку клубови ширум Европа.

Мурињо во Јунајтед доби отказ после лошата сезона со „црвените ѓаволи“, а на „Олд Трафорд“ како негов наследник до крајот на сезоната го доведоа Оле Гунар Солскјер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неодамна во медиумите се појави информација дека Бенфика му понудила соработка на Мурињо до крајот на сезоната, после што тој самиот би одлучил дали сака да продолжи.

Сепак, сега шпанскиот новинар, Франсеск Агиљар тврди дека Мурињо ја одбил Бенфика и сака да се врати во Реал Мадрид, но според неговите информации Португалецот поставил два услови на Флорентино Перез.

„Мурињо неодамна одби нова понуда од Бенфика, а потоа беше повикан од Перез. Во разговорот Мурињо му соопштил дека нема никаков проблем да го превземе клубот, но и му поставил два услови. Мурињо сака Перез да доведе засилување во одбраната и докажан голгетер“, тврди Агиљар.

Дали има вистина во овие негови информации ќе дознаеме во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бизарно: Талент на Арсенал поради неговите родители нема да биде дел од „Фудбал Менаџер“

Замислете да ве изостават од една од најпознатите спортски симулации во светот, не затоа ш…