Една интересна приказна ни пристигнува од соседството…
Имено српските медиуми пушуваат дека младиот тинејџер Вукашин Крстиќ од Војводина бил на мета на англискиот гигант Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Крстиќ е фудбалер роден 2003 година и важи за еден од најталентираните фудбалери во Србија, во овој момент член на тимот до 16 години на клубот од Нови Сад.
Манчестер Сити е богат клуб кој може да си дозволи да потроши милионски суми. Поради тоа, тие биле убедени дека нема да имаат проблем да го ангажираат Крстиќ.
Сепак, следувал неочекуван одговор – Крстиќ ги одбил!
Позната е причината, а тоа е Црвена Звезда! Крстиќ е навивач на Звезда и негов сон е да заигра пред преполната „Маракана“ и во следните десет дена би требало да потпише договор со гигантот од Белград.