Дома Фудбал Италија Лацио славеше над Торино

Лацио славеше над Торино

Во последниот дуел од 28-то коло на италијанската Серија А, Лацио го совлада Торино на Олимпик со резултат од 3:1.

Во мечот кој не понуди премногу возбудувања, првата вистинска шанса ја имаше Лацио дури во 55-та минута, но Пароло од петтерецот шутираше покрај голот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, минута подоцна, после трапавата реакција на одбраната од гостите, шансата ја искористи Имобил и ја смести топката во празната мрежа за водство од 1:0 за Лацио. Тој резултат на семафорот стоеше до 72-та минута, кога Итурбе од слободен удра до десната страна нафрли во просторот пред голот, а Лопез со глава погоди за 1:1.

Сепак, Лацио до трите бода дојде во 87-та минута, кога Лукаку му асистираше на Кеита кој погоди за 2:1, а потоа Андерсон на асистенција од Луличевиќ за конечни 3:1 во 90+1 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар повторно ја потврдија доминацијата во „вечното дерби“, откако по тре…