Дома Фудбал Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Осасуна и Еибар ги поделија бодовите од дуелот во 27-то коло на шпанската Ла Лига одигрувајќи 1:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гостите можеа да поведат во 15-та минута, но шутот на Енрик од петтерецот беше фантастично одбранет од домашниот голман. Десет минути подоцна, шутираше и Инуи, но Сиригу повторно беше на висина на задачата.

Сепак, домашниот голман мораше да ја вади топката од својата мрежа во 72-та минута, кога Кике со волеј на асистенција на Капа погоди за 0:1. Но, радоста на гостите траеше кратко, само седум минути, кога Кенан Кодро погоди на асистенција од Ромеро. Ромеро го одработи поголемиот дел од работата, а на Кодро не му беше тешко да ја смести топката во празниот гол од само еден метар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teнзии во Тирана: Навивачите ја исвиркаа химната на Израел (Видео)

Синоќа во Тирана се одигра пријателски натпревар меѓу Албанија и Израел кој заврши со побе…