Дома Фудбал Останато Првенството започнува утре, а Марадона никаде го нема!

Првенството започнува утре, а Марадона никаде го нема!

Oна што го пренесовме пред неколку дена се уште е актуелно – Марадона никаде го нема!

Овој викенд започнува вториот дел од шампионатот во Мексико, но во Дорадос никој не знае каде е нивниот тренер.

Во текот на паузата Марадона беше исфрлен од неговата вереница и од тогаш исчезна.

Клубот не знае што се случува, не се појавил на припремите, ниту пак одговара на повиците.

Се шпекулира дека Марадона го увенил клубот да му понуди продолжување на договорот и после летото, а некои извори пишуваат дека е бесен бидејќи неговиот помошник Луис Ислас има лош третман во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …