Дома Фудбал Англија Клоп: Да ми го понудеше некој ова, ќе платев колку треба

Клоп: Да ми го понудеше некој ова, ќе платев колку треба

Во дербито на 21. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити го совлада Ливерпул со 2:1. Домаќините поведоа, гостите се вратија, а конечните 2:1 ги постави Сане.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако дека Сити можат да бидат задоволни што на главниот конкурент за титулата му се приближија на четири бода, но тренерот на Ливерпул Клоп исто така го истакна задоволството од моменталната ситуација на табелата.

„Некој на почетокот на сезоната да ми понудеше дека после два натпревари со Сити ќе имаме четири бода предност, ќе платев колку треба.“ – изјави темпераментниот Клоп.

Истакна дека неговиот тим не погодил неколку одлични шанси, додека Сити го контролирал натпреварот подолг период.

„Мора да признам дека одигравме многу подобри натпревари оваа сезона. Тие среќно постигнаа втор погодок и тоа е така во ваквите натпревари.“

Ливерпул на 12. јануари кога ќе продолжи првенството ќе гостува кај Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн: По постигнатиот гол само се браневме. Тоа не е доволно на ова ниво.

Англиските фудбалери на неочекуван начин останаа без место во финалето на Светското првенс…