Дома Фудбал Барселона бира нов тренер, списокот е долг, навивачите веќе избраа!

Барселона бира нов тренер, списокот е долг, навивачите веќе избраа!

Со оглед на фактот што тренерот на Барселона, Ернесто Валверде се уште го нема продолжено договорот и неговата иднина на „Камп Ноу“ е неизвесна, раководството веќе почна да му бара заменик, пренесува „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на 54-годишниот стратег истекува на лето, но за сега Валверде не покажа сигнали дека сака да го продолжи. Поради тоа од „Камп Ноу“ направиле долг список на имиња, кои би можеле да седнат на кормилото следната сезона.

На списокот се наоѓаат Арсен Венгер (без ангажман), Лоран Блан (без ангажман), Роберто Мартинез (Белгија), Тиери Анри (Монако), Чави Ернандес (уште игра), Жорди Кројф (Лифан, Кина), Кике Сетиен (Бетис)…

Во анкетата која ја спроведе „Марка“ фановите на Барса најголема доверба им дадоа на Сетиен и Чави, по 30%. Потоа следува Роберто Мартинез со 13% гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго јасен: Објасни зошто Мурињо не треба да биде тренер на Реал

Еден од најславните португалски фудбалери на сите времиња, Луис Фиго, смета дека враќањето…