Дома Трансфер зона Ливерпул го сака „новиот Бејл“

Ливерпул го сака „новиот Бејл“

Јирген Клоп и раководството на Ливерпул веќе работат на засилувањата за следната сезона, а медиумите тврдат дека на радарот на „црвените“ се и неколку млади фудбалери кои ќе можат да бидат иднина на клубот.

Имено, скаутите на Ливерпул останале импресионирани од еден од најталентираните англиски фудбалери, Рајан Сесењо, кој моментално настапува во Чемпионшип и го носи дресот на Фулам.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сесењо игра покрај левата аут линија и оваа сезона со своите партии го привлече вниманието на многу англиски гиганти. Тој кариерата ја започна како бек, но поради брзината и техничките квалитети може да игра како крилен напаѓач.

Поради тоа многумина го споредуваат со Герет Бејл, а Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Енфилд“ бидејќи е сигурен дека Сесењо во иднина ќе биде голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…