Дома Трансфер зона Шок во Торино: Дибала го напушта Јувентус!

Шок во Торино: Дибала го напушта Јувентус!

Пауло Дибала е еден од најдобрите играчи на „старата дама“, но неговата иднина во Торино е неизвесна, тврди „Тутоспорт“, весник кој е близок до Јувентус.

Весникот тврди дека меѓу играчот и раководството на клубот има сериозни отстапувања во врска со условите за новиот договор, кој сеуште не е потпишан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претставниците на Дибала се во Торино веќе речиси еден месец, но се уште не постигнале договор со раководството на клубот за условите за новиот договор, кој се очекуваше да биде потпишан уште пред две недели.

Силен интерес за аргентинскиот напаѓач покажуваат Реал Мадрид и Барселона, а „Тутоспорт“ денес ги шокира фановите на Јувентус со тврдењето дека Дибала е со едната нога надовор од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…