Дома Останати Авто Мото Шуми утре слави 50. роденден: Правиме се што можеме да му помогнеме

Шуми утре слави 50. роденден: Правиме се што можеме да му помогнеме

Еден од најдобрите возачи во Формула 1 на сите времиња Михаел Шумахер утре ќе го прослави својот 50. роденден.

Шумахер веќе пет години е во тешка здравствена состојба откако доживеа несреќа во скијање, а семејството со цела сила ги чува информациите за него. Во јавноста многу малку се знае во каква состојба се наоѓа Шумахер, но според вестите од пред неколку недели ситуацијата е многу подобра за разлика од претхоните години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот утре ќе го прослави својот 50. роденден, а денеска на неговата официјална Фејсбук странуца се појави изјава на неговото семејство која ги изненади многу. Многу ретко неговото семејство зборува, но пред неговиот роденден одлучиле да го направат тоа.

„Можете да бидете сигурни дека е во најсигурни раце и работиме се што можеме во нашите можности да му помогнеме. Ве молиме да разберете дека ги слушаме желбите на Михаел и сеto ова го чуваме во тајнoст. Исто така, ви благодариме на сите за поддршката и ви посакуваме се најдобро во 2019. година.“ – порача семејството Шумахер и додаде:

„Среќни сме што Михаел утре ќе го прослави 50. роденден со нас и ви благодариме на сите за честитките.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…