Дома Фудбал „Mундо Депортиво“: Пике се спрема за претседател на Барса – подготвил ново име за „Камп Ноу“

„Mундо Депортиво“: Пике се спрема за претседател на Барса – подготвил ново име за „Камп Ноу“

Eден од најдобрите дефанзивци во светот, Жерар Пикер ќе се прости од фудбалот на крајот на наредната сезона и ќе се посвети на кандидатурата за претседател на Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако има 31 година, Пике наводно сака да игра само уште една сезона после што целосно ќе се посвети на кандидатурата за претседател. Изборите ќе бидат одржани во 2021 година, а споменатиот медиум пренесува дека Пике веќе има планови што сака да промени во клубот.

Според информациите Пике околу себе би ги собрал поранешните соиграчи Пујол, Чави и Иниеста. Пујол би ја добил функцијата технички директор, додека за Чави и Иниеста резервирани ќе бидат тренерски функции.

Интересно е што негова намера би била и комерцијализација на стадионот „Камп Ноу“ кој би можел да се вика „Вака Вака Кам Ноу“. Исто така во негов план е изградба и на кошаркарска арена, како и основање тениска секција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот по 20. пораз: Ќе бидеме подобри следната сезона!

Фудбалерите на Ливерпул запишаа нов, 20-ти пораз сезонава, откако загубија од Астон Вила к…