Дома Фудбал Англија Сари: Навивачите се прекрасни, но секаде постојат глупави луѓе

Сари: Навивачите се прекрасни, но секаде постојат глупави луѓе

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари зборуваше за расистичките инциденти кои неодамна ги правеа навивачите на Челзи.

Последен пат навивачите на Челзи пеаа навредливи песни во текот на натпреварот против Вотфорд. Претходно го навредуваа Рахим Стерлинг, за потоа да испраќаат навреди и во текот на натпреварот против МОЛ Види во Лигата на Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сари расистите ги нарече глупави луѓе.

„Прво сакам да разговарам со управата на клубот. Не слушнав ништо и не сакам да генерализирам. Во 99% од случаите нашите навивачи се прекрасни, но во секоја заедница има глупаво луѓе против кои треба да се бориме“, изјави Сари.

Челзи во Премиер лигата се наоѓа на четвртата позиција со 40 освоени бодови, а наредниот натпревар ќе го игра против Кристал Палас во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…