Наинголан ова лето беше едно од најскапите за Интер каде што пристигна од редовите на Рома.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неодамна Наинголан беше казнет од Интер поради недисциплина, па нема да биде во комбинација за настап за вечерашниот натпревар на Интер против Наполи. Освен тоа доби и парична казна од 100.000 евра.
Сега на социјалните мрежи се појави видео во кое Наинголан разговара на телефон и кажува дека сака да се врати во Рома.
„Добри пријатели сме со Тоти, можеби ќе успеам да го убедам…Но, сигурно ќе направам нешто за да избегам од тука“, зборува Наинголан.
Засега не е познато со кого разговара Белгиецот.