Дома Фудбал Италија Анчелоти со урнебесна изјава: Што испаднале фудбалерите на Наполи против Звезда?

Анчелоти со урнебесна изјава: Што испаднале фудбалерите на Наполи против Звезда?

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти се уште не може да прежали за испаѓањето од ЛШ, каде неговиот тим одигра добро, но недоволно во конкуренција на ПСЖ и Ливерпул да избори пласман понатаму.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За Наполи на крајот кобен испадна натпреварот со Црвена Звезда во првото коло, кога италијанскиот вицепрвак во Белград одигра само 0:0.

„Испаднавме вистински магариња поради оној натпревар со Црвена Звезда во Белград. Требаше да победиме, ќе беше различно.“ – изјави Анчелоти и додаде:

„Бевме во добра позиција пред последното коло, но не успеавме да издржиме против Ливерпул, кандидат за титулата. И ПСЖ ќе биде во конкуренција за тронот, заедно со Барселона и Јувентус. “

Наполи настапот во ЛШ оваа сезона го заврши на третата позиција со ист број бодови како и Ливерпул, па во продолжение на сезоната ќе игра во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Седлоски со порака до Босанците: Доаѓаме да ве победиме!

Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а селекторот Гоце С…