Дома Фудбал Германија Со среќен погодок на Пизаро, Вердер однесе бод од Леверкузен

Со среќен погодок на Пизаро, Вердер однесе бод од Леверкузен

Бајер од Леверкузен во првиот меч од 24-то коло од германската Бундес лига го дочека Вердер, а конечниот исход од дуелот беше 1:1.

Домаќинот доминираше во сите деведесет минути од натпреврот, а до водечкиот погодок стигна на самото отворање на мечот. Во 7-та минута Бранд изведе одличен соло продор и шутираше од дваесетина метри, топката од пречката се одби до Воланд кој со глава ја смести во празната мрежа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во продолжението Бајер ја контролираше играта, не дозволувајќи им на гостите да се заканат посериозно сè до 79-та минута, кога после корнерот Бауер шутираше и го погоди искусниот Пизаро од кого топката се одби и заврши во голот на домаќините за конечни 1:1.

Со ова реми Бајер ја прекина серијата од три последователни порази во сите натпреварувања (Атлетико, Мајнц, Дортмунд), додека Вердер ја прекина серијата од три последователни победи (Мајнц, Волфсбург, Дармштад).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нејмар го послуша срцето – ќе се врати ли во Европа!?

Бразилскиот фудбалер Нејмар ја донесе одлуката за својата иднина и продолжување на кариера…