Дома Топ вести Постигнат договор: Кулибали станува најплатен дефанзивец во Серија А

Постигнат договор: Кулибали станува најплатен дефанзивец во Серија А

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали постигнал комплетен договор со раководството на клубот за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некои медиуми дури тврдат дека Кулибали веќе ставил потпис на новиот договор, па се очекува само официјализација следните денови.

Кулибали со новиот договор ќе заработува 6 милиони евра по сезона, со што ќе биде најплатен играч на Наполи. Притоа, ќе стане и најплатен дефанзивец во Серија А и ќе заработува повеќе и од Бонучи во Јувентус.

Со новиот договор Наполи ќе стави крај на сите шпекулации околу иднината на Кулибали, кој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои беа спремни да платат и 100 милиони евра за неговиот потпис.

https://youtu.be/mBU49pNzWTg

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…