Дома Фудбал Италија Познато зошто Интер го суспендираше Наинголан

Познато зошто Интер го суспендираше Наинголан

Навивачите на Интер беа изненадени кога клубот соопшти дека Раџа Наинголан е суспендиран и ќе го пропушти дербито против Наполи.

Наинголан во Интер пристигна  од Рома и оваа сезона има проблеми со повредите. Од него на „Меаца“ многу се очекува, но започна да прави проблеми надвор од теренот. Откако медиумите објавија дека има проблеми со коцкањето и ноќните излегувања стигна суспензијата од Интер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Многумина помислија дека Наинголан е казнет поради проблемите со коцкањето, но тоа не е вистина. Интер Белгиецот го казни поради тоа што во изминатата недела дури три пати задоцнил на тренинзите.

Новиот спортски директор Бепе Марота сака да воведе голема дисциплина, а прв кој тоа го почуствува на своја кожа е Наинголан. Белгиецот покрај суспензијата е казнет и со 100.000 евра. Колку Раџа ќе отсуствува не е познато. Во медиумите се шпекулира дека Интер би можел и да го продаде во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…