Жозе Мурињо неодамна го напушти Манчестер Јунајтед, па веднаш започна да се поврзува со поранешните клубови Интер и Реал Мадрид.
Гласините за негово можно враќање во Реал Мадрид може им се допаѓаат на дел од навивачите, но не и на Серхио Рамос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никој не може да каже кого би посакувале за тренери. Капитените немаат врска со таквите одлуки. Ние сме веќе пет години без Мурињо, а се уште зборувате за него, иако освоиме се. Солари е наш тренер и мораме да го почитуваме“.
„Мадрид имаше многу тренери, некои освоија повеќе некои помалку, постојат кругови кои се почнуваат и се завршуваат. Кој и да дојде, ние играчите сме тука за да ги исполниме неговите замисли“, изјави Рамос.