Дома Фудбал Италија Oгромен проблем за Емери: На Арсенал му недостасуваат осум фудбалери

Oгромен проблем за Емери: На Арсенал му недостасуваат осум фудбалери

emery

Во сабота Арсенал ќе го пречека Барнли и на хартија тоа изгледа добра прилика за „топџиите“ да се вратат на победничките патеки.

Арсенал беше во добра серија, а потоа следуваше пораз на гостински терен кај Саутемптон од 3:2 во Премиер лигата, а потоа изгубија и од Тотенхем во Лига Купот (0:2).
Барнли е во опасната зона, таквите противници знаат да бидат незгодни, но би кажале дека Арсенал овој пат нема право на кикс.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, ова ќе биде тешка задача за Емери. Не затоа што врзаа два порази, туку затоа што шпанскиот стратег ќе има големи проблеми со играчкиот кадар.

Против Барнли Арсенал би можел да биде без дури осум фудбалери. На листата повредени се Дани Велбек, Роб Холдин, Константинос Мавропанос, Емил Смит Ров, Хектор Белерин, Шкодран Мустафи, додека под знак прашалник се Сеад Колашинац и Микхтаријан.

Значи, евидентно е дека најмногу проблеми има во последната линија, но ростерот на Арсенал повторно е широк и сигурно дека Емери ќе пронајде решение за оваа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…