Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан на бизарен начин останал без 150.000 евра.
Крадци ја искористиле невнимателноста и неспортскиот начин на живот на Белгиецот и усепале да стигнат до чекови кои потоа ги фалсификувале и инкасирале 150.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наинголан после заврши во полициска станица. Заедно со него бил и човек од Интер, а во текот на решавањето на случајот откриено е дека белгискиот фудбалер имал коцкарски загуби во казино во Монте Карло.
Долговите настанале минатото лето, односно во август оваа година, а наводно фудбалерот останал без огромна сума на пари.
Наинголан во минатото често пати беше критикуван поради неспортскиот начин на живот. Меѓутоа никогаш не се откажа од истиот.