Лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд не се откажува од намерата да го донесе македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас.
Да потсетиме, Еламас уште пред да потпише со Фенербахче се поврзуваше со трансфер во Дортмунд, но на крајот играчот го избра турскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скаути од овој клуб го следеле речиси на сите настапи во Лига Европа, а според пишувањата на турски „Фанатик“, германците спремаат понуда уште во јануари да го донесат во своите редови.
Освен Дортмунд, уште неколку европски великани го посакуваат Елмас во своите редови, а меѓу нив е и Манчестер Сити.